Војни и кралеви
БРАЗИЛ - Емотивниот Бразил денеска ѝ оддаваа последна почит на фудбалската легенда Пеле, на стадионот каде што тој со својата вештина за првпат го одзеде здивот на светот.
ЕУ - Големопродажните цени на природен гас во Европа, на 2 јануари паднаа на на најниско ниво откако Русија ја нападна Украина, што ги доведе до рекордно високо ниво во текот на минатата година.
РУСИЈА - Руската војска, во ретко признание за бојното поле, соопшти дека 63 нејзини војници биле убиени во украински ракетен напад врз привремените касарни во близина на градот Доњецк, окупиран од Русија, откако украинската армија и бројни објави на проруските социјални медиуми сугерираа за стотици убиени.
ЕУ - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја повтори категоричната поддршка на Европската унија за Украинците „колку што е таа потребна“ за да се запре 10-месечната инвазија на Русија, истакнувајќи дека го имала својот прв повик за новата година со украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
МАКЕДОНИЈА - Истакнати личности од земјата кои живеат во странство, добиваат можноста за користење „брзa лента“ на аеродромите во Скопје и Охрид кога влегуваат во земјава, како носители на т.н. МКарта.
БЕЛГИЈА - НАТО мора да го зголеми производството на оружје бидејќи војната во Украина продолжува и потребите на Киев растат, рече генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во интервју за ББЦ објавено на 1 јануари.
ОАЕ - Дубаи го укина данокот на алкохол од 30 отсто за да го поттикне туризмот. Исто така, ќе прекине да наплатува за личната дозвола за алкохол, која секој што има намера да пие мора да ја има со себе.
ВАТИКАН - Илјадници луѓе се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, неколку часа пред зори на 2 јануари, за да го видат телото на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти и да му оддадат почит. Официјалните лица за безбедност очекуваат околу 25.000 ожалостени на првиот, од трите дена во текот на кои телото ќе биде изложено во Ватикан.
УКРАИНА - Украинската војска рано на 2 јануари соопшти дека руските сили извршиле 44 напади со беспилотни летала врз украински цели, но дека сите биле успешно соборени, додека властите во Киев информираа за соборување на 20 цели над главниот град во текот на ноќта.