Цените на европскиот природен гас паднаа на најниско ниво од војната во Украина

Илустративна фотографија

Големопродажните цени на природен гас во Европа, на 2 јануари паднаа на на најниско ниво откако Русија ја нападна Украина, што ги доведе до рекордно високо ниво во текот на минатата година.

Благата зима им овозможи на земјите да користат помалку гас од залихите што беа создадени во очекување на намалување на снабдувањето од Русија, која беше главниот снабдувач на Европа пред војната.

Во меѓувреме, извозот на гас на рускиот енергетски гигант Гаспром во Европската унија и Швајцарија падна за 55 отсто минатата година, соопшти денеска компанијата во понеделникот.

Видете и ова: Министрите од ЕУ договорија ограничување на цената на гасот

Европа претходно беше главниот извозен пазар на Гаспром, но испораките се драстично намалени поради санкциите по руската офанзива во Украина во 2022 година.

Европските земји ги наполнија своите капацитети за складирање гас и започнаа кампањи за да ги поттикнат потрошувачите да заштедат на енергија во текот на зимата.

Нивото на складирање во Европа во понеделникот беше на 83 проценти, што засега ја намалува потребата за купување повеќе гас.

ЕУ се трудеше да најде нови извори на природен гас во напорите да ја намали својата голема зависност од руските испораки. Земјите членки, исто така, усвоија механизам за ограничување на цените на природниот гас, но аналитичарите велат дека ова веројатно ќе има само ограничено влијание врз намалувањето на она што го плаќаат бизнисите и домаќинствата.

Експертите сепак предупредуваат дека студениот бран би можел повторно да доведе до нов раст на цените.