ММФ предвидува рецесија кај третина од светската економија во 2023 година

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева

Новата година ќе биде „потешка од годината што ја оставаме зад нас“, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева за СиБиЕС.

Причината за тоа, како пораснува Георгиева, е „истовременото забавување на трите големи економии, САД, Европската унија и Кина“.

„Очекуваме една третина од светската економија да биде во рецесија. Дури и во земјите кои не се во рецесија, стотици милиони луѓе ќе го имаат тоа чувство“, додаде таа.

Видете и ова: Просечно семејство со потпросечен живот


Во октомври, ММФ ја намали својата перспектива за глобалниот економски раст во 2023 година поради континуираното оптоварување од војната во Украина, како и инфлаторните притисоци и високите каматни стапки наметнати од централните банки како Федералните резерви на САД за умерено зголемување на цените.

Георгиева рече дека Кина, втората по големина економија во светот, најверојатно ќе порасне под или на нивото на глобалниот економски раст за прв пат во последните 40 години. Економијата во Кина е под притисок од порастот на бројот на случаи на Ковид 19 по укинувањето на строгите мерки и напуштањето на „нулта ковид“ политиката .

Видете и ова: ММФ одобри 530 милиони евра за Македонија

Во меѓувреме, американската економија би можела да избегне целосен колапс што веројатно ќе влијае на дури една третина од економиите во светот.

„САД се најотпорните и би можеле да избегнат рецесија. Гледаме дека пазарот на трудот е сè уште доста силен“, рече Георгиева.

Пазарот на труд во САД ќе биде во фокусот на вниманието на претставниците на Федералните резерви кои се желни да ја намалат побарувачката за работна сила за да се намали притисокот врз цените.

Таа сепак забележува дека има една, како што вели, извонредна работа, тоа што Европа решително се движи кон енергетска независност од Русија.

„Да, ќе има тешка зима, можно е следната да биде уште потешка, но доаѓа слободата од зависноста од Русија“, истакна директорката на ММФ.