Нападите на неколку украински градови, вклучително и Киев, пред Нова година беа насочени кон капацитети за производство на дронови, со цел да се спречат планираните „терористички“ напади, соопшти денеска руската армија.
„На 31 декември, руските вооружени сили извршија прецизен воздушен напад со долг дострел врз украинските воени инсталации вклучени во производството на борбени дронови што се користат за терористички напади против Русија“, се вели во дневниот извештај на руското Министерство за одбрана.
Видете и ова: Експлозии во Киев, предупредувања за воздушни напади низ УкраинаМинистерството додаде дека „пропаднаа плановите на режимот во Киев чија цел е во блиска иднина да изврши терористички напади врз Русија“. Москва често ги нарекува операциите што ги спроведува украинската армија на руска територија „терористички акции“.
Руската армија објави и дека ја продолжува офанзивата во областа Донецк во источна Украина, каде во моментов е концентриран најголемиот дел од борбите.
Во руските напади извршени вчера врз Киев и други украински градови, според последните податоци на украинските власти, загинале најмалку три лица, а 50 се ранети.