Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при денешната посета на Мобилната единица за безбедност на сообраќај на патиштата во Петровец.
Тој посочи дека во споредба со минатата новогодишна ноќ, во ноќта што измина имало помалку 30 проценти пријавени настани.
„Во текот на ноќта, имавме вкупно 10 кривични дела, од кои четири се тешки кражби, една во обид. Имавме две насилства и две неовластени производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции. Две кражби, од кои една, исто така, е во обид. Имаме регистрирани прекршоци од Законот за јавен ред и мир, вкупно 15. Имаме осум прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и има 16 сообраќајни несреќи и дополнителни пет други настани кои се пријавени“, истакна Спасовски.
Видете и ова: Сто интервенции на итната помош, најмногу за алкохолизирани лицаТој посочи дека најголем број настани биле пријавени во Скопје, потоа следи Охрид. Во другите градови има многу малку пријавени случаи, а во Велес нема ниту една пријава.