Поради претовареност потона сплав во Белград

илустрација

Белградскиот сплав Фристајлер на кој имало организиран дочек на Новата Година потона до половина, а неколкумина биле полесно повредени.

Сведок за ТВ Прва изјавил дека инцидентот се случил 10-на минути по полноќ кога поголем број на гостите биле на задната палуба по што сплавот попуштил под тежината и почнал да се навалува и тоне.

Забавата се претворила во панично бегство од сплавот во моментот кога водата почнала да навлегува во внатрешноста на објектот.

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави дека, според неговите информации, причината за потонувањето на сплавот „Фристајлер“ е тоа што на него се качиле два до три пати повеќе луѓе од потребното.

Градоначалникот истакна дека е добро што никој не е повреден, но лошо е што сето ова се случило.