Ангеловска-Бежоска: Догодина постепено забавување на инфлацијата

Анита Ангеловска Бежовска

Догодина очекуваме постепено забавување на инфлацијата, којашто на среден рок би се вратила на историските стапки од околу два процента, вели гуверерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежовска, во новогодишна белешка, порачувајќи дека се неопходни структурни реформи коишто ќе ја зајакнат отпорноста на економијата.

„Ја задржавме стабилноста на денарот, еден од симболите на нашата државност и сидрото на стабилноста на нашата економија. Но, секоја паричка има две лица, а секој период има и добри и лоши страни. Така и оваа 2022 година, за жал, во светската историја ќе биде запомнета како уште една кризна година ‒ година во која започна војна на европска почва, година на енергетска криза, година во која светот забележа една од највисоките стапки на инфлација во изминатите неколку децении. Токму поради тоа и сите централни банки, вклучително и ние, го променивме долгогодишниот курс на монетарната политика и започнавме со циклусот на нејзино затегнување,“ вели гувернерката на НБ.

Видете и ова: НБРМ - Помал економски раст, зголемена инфлација

Целта на овие промени, укажува, е да го стабилизираме растот на цените, да спречиме намалување на куповната моќ на граѓаните и да обезбедиме предвидливост во носењето на одлуките.

Овие епизоди, како и сегашната, објаснува гувернерката, во голема мера беа одраз на надворешни шокови коишто влијаеја врз нашата мала, отворена и енергетски зависна економија, но и на структурните слабости на економијата на кои во изминативе декади не им беше обрнато соодветно внимание.

„Будно ја следиме и оваа кризна ситуација и подготвени сме да преземеме натамошни чекори за да ја осигуриме среднорочната ценовна стабилност, којашто е предуслов и за одржлив економски раст и за подобар живот на граѓаните“, вели Ангеловска-Бежоска.