Путин им дозволи на „непријателските земји“ да плаќаат руски гас во странска валута

илустрација

Русија ќе им дозволи на „непријателските“ земји да ги плаќаат долговите за испораките на природен гас во странска валута. Ова следува по промените направени од претседателот Владимир Путин во претходниот указ со кој пак на земјите кои купуваа руски гас мораше да плаќаат само во рубљи.

Во документот, објавен на 30 декември на веб-страницата за правни информации на руската влада, се вели дека руските добавувачи на природен гас можат да се спогодат со купувачите од „непријателските“ земји во странска валута наведена во договорот.

Долгот за снабдување со гас ќе се смета за отплатен откако средствата на странскиот купувач ќе се кредитираат во овластена банка каде што е отворена посебна сметка за примање на плаќањата.

Путин го потпиша указот за плаќања за рускиот природен гас во март, принудувајќи ги „непријателските“ европски клиенти да отворат банкарски сметки во рубља во Газпромбанк и да плаќаат во рубљи доколку сакаат да продолжат да добиваат руски гас. Таа уредба се однесуваше само на испораките од Гаспром.

Видете и ова: Единството на ЕУ околу санкциите врз Русија слабее

Снабдувањето потоа беше прекинато за некои компании и земји, како што се Полска и Финска, кои ги одбија условите на декретот, што се сметаше за средство за поттикнување на побарувачката за рубљи откако САД и Европската унија воведоа строги економски санкции поради руските инвазија на Украина.

Указот на Путин значеше дека купувачите на руски гас во Европа - сите земји од ЕУ беа вклучени во категоријата „непријателски“ - мораа да купуваат рубљи на рускиот пазар за да платат за испораките. Претседателот ја бранеше политиката велејќи дека западните земји „ја откажале довербата во нејзините валути“ со воведување санкции кон Русија за војната против Украина.

„Промената најавена на 30 декември за да се овозможи подмирување на долговите не значи автоматски продолжување на испораките на гас“, се вели во објавените информации.

Путин претходно им нареди на централната банка и владата да развијат „редослед на трансакции за купување рубли на домашниот пазар на Руската Федерација од купувачите на гас“.