РЕК Осломеј вратен во мрежа

илустрација

РЕК Осломеј од утрово е повторно на мрежа. Термоелектраната е во функција и произведува електрична енергија, информираат од АД ЕСМ.

Во моментов, сите функционални капацитети на АД ЕСМ се во погон и испорачуваат електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем.

Видете и ова: Македонија увезе 40 милиони евра струја - Кој се офајди?

„Стручни лица од производителот од Турција, се во РЕК Битола и заедно со вработени во комбинатот интензивно работат на монтажа на трансформаторот на Блок 3,“ известуваат од АД ЕСМ.

Од компанијата потенцираат дека произведената електрична енергија во АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Изминатото деноноќие АД ЕСМ произведе 17.115 MWh електрична енергија, соопшти денеска владината прес-служба. Преку ЕСМ Продажба набавени се 1.500 MWh електрична енергија за болниците, училиштата, јавните претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.