Знамињата пред ФИФА на пола копје во чест на Пеле

Бразилскиот фудбалер Пеле

Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) денеска соопшти дека знамињата пред нивното седиште се спуштени на половина копје во чест на бразилската фудбалска легенда Пеле. Тој почина ден претходно на 82-годишна возраст по долга борба со ракот.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на веб-страницата во делот поставен за да се искаже почитта кон Пеле, напиша „за сите што ја сакаат прекрасната игра, ова е денот што никогаш не сакавме да дојде. Денот кога го загубивме Пеле“.

Бразилецот е единствениот играч кој некогаш го освоил Светското првенство три пати како играч.

Бразил доцна синоќа прогласи тридневна жалост за смртта на легендарниот фудбалер.

Погребните обреди ќе започнат во понеделник, 2 јануари, на стадионот Сантос во Сао Паоло, каде Пеле играше од 1956 до 1974 година.