Единствената бугарска нуклеарна централа на 30 декември потпиша договор со француска фирма за снабдување со нуклеарно гориво во обид да ги замени испораките од Русија по инвазијата на Москва на Украина.
Државната централа Козлодуј на реката Дунав моментално се потпира на руско гориво за своите два реактори од 1.000 мегавати.
Според 10-годишниот договор, „Фраматоме“ подружница на францускиот енергетски гигант ЕДФ, ќе снабдува нуклеарно гориво во реакторот на единицата 5 на Козлодуј од почетокот на 2025 година. Минатата недела, Козлодуј потпиша сличен договор со „Вестингхаус Електрик Свидан“ за испорака на нуклеарно гориво за другите негови оперативни реактор од 2024.
Договoрот денеска го потпишаа извршниот директор на нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија Георги Кирков и вишиот потпретседател за гориво на француската компанија Лионел Геф.
Видете и ова: Бугарија потпиша договор за нуклеарно гориво со ВестингхаусНа склучувањето на договорот присуствуваше и вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов. Тој коментира дека денеска е важен ден во историјата на нуклеарната централа „Козлодуј“, посочувајќи дека де факто Бугарија постигна целосна диверзификација. Според него, диверзификацијата не значи замена на еден снабдувач со друг единствен снабдувач, туку замена на еден со многу други добавувачи, како што е случајот со оглед на тоа што Бугарија ќе добие нуклеарно гориво од две од најголемите светски компании за свежо нуклеарно гориво.