Синот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, влегува во бизнисот за производство на струја. Шкумбин Ахмети е запишан како управител на новорегистрираната фирма за производство на струја, објави порталот Фактор.мк.
Седиштето на фирмата „Тхеас Енергу ДООЕЛ“ е во Зајас, од каде што потекнува Ахмети. Синот на Али Ахмети е последниот од деца и блиски на функционери кои влегоа во бизнисот за производство на струја.
Претходно фирми за фотоволтаици отворија синот и таткото на поранешниот премиер Зоран Заев, жената на сегашниот премиер Димитар Ковачевски има удел во таква компанија, а во бизнисот со струја беше и синот на Муса Џафери, поранешен висок функционер во ДУИ.
Видете и ова: Жените на премиерите бизнисменки, хуманитарки и декорНа минатогодишните локални избори ДУИ настапи со „зелена агенда“ за почиста средина и поквалитетен живот.
Поради зголемувањето на цените на струјата на европските берзи, порасна интересот за поставување на фотоволтаици, и кај граѓаните и кај фирмите за производство на струја за сопствени потреби, а со новите законски измени кои стапија на сила се поедноставени условите за нивно поставување.
Годинава има скоро двојно повеќе инсталиран капацитет во фотоволтаични централи, но тие ќе произведат само околу 1 процент од потребната струја во земјава.