Штрајк на вработените во Рајанер во Белгија

RYANAIR HLDGS-RESULTS/

Вработените во авиокомпанијата Рајанер во Белгија денеска почнаа тридневен штрајк поради што во претстојниот новогодишен викенд ќе бидат откажани десетици летови.

Штрајкот не би требало да влијае на сообраќајот на таа авиокомпанија во другите земји.

Службата на аеродромот Шарлероа, втор по големина во Белгија, од каде што има голем број летови кон Средоземјето, соопшти дека денеска се откажани 48 летови на Рајанер, додека со тридневниот штрајк ќе бидат погодени 22 илјади патници.

Видете и ова: Објавен повик за субвенции на нови авиолинии


Вработените во Рајанер во Белгија оваа година штрајкуваа неколку пати, жалејќи се, меѓу другото, дека управата на компанијата незаконски ги испраќа повремено да работат на други места во Европа, посебно во Даблин во Ирска.

Наредниот штрајк на Рајанер во Белгија е закажан за 7 и 8 јануари.