Светот ги ограничува посетителите од Кина

Тестирање за ковид на патници од Кина на аеродром во Италија

Расте бројот на земји кои воведоа ограничувања за посетителите од Кина, откако Пекинг ги укина забраните за патување во странство и покрај зголемените случаи на заразени со ковид-19. Последни во низата кои воведоа ограничувања за посетители до Кина се Соединетите Американски Држави.

Болниците низ Кина се преплавени со луѓе по експлозија на случаи на заразени со ковид. Пекинг да ги укине строгите правила што во голема мера го задржаа вирусот на домашно тло, но ја загрозија нејзината економија и предизвикаа широки протести.

Во понеделникот на 26 декември, земјата рече дека ќе стави крај на задолжителниот карантин за граѓаните кои се враќаат во Кина, што поттикна многу кинески граѓани да направат планови за патување во странство.

Како одговор на тоа, САД и голем број други земји објавија дека ќе бараат негативни тестови за ковид за сите патници од Кина.

Видете и ова: Во светот расте стравот поради бранот ковид-19 во Кина


Потегот на САД дојде откако Италија, Јапонија, Индија и Малезија објавија свои мерки во обид да се заштитат од увоз на нови варијанти на ковид од Кина.

Кинеските власти, пак, велат дека во моментов, ситуацијата со епидемијата во Кина е предвидлива и под контрола.