Италија воведе ковид тестови за патниците од Кина

Илустративна фотографија

Италија воведе ковид тестови за патници од Кина, а некои членки на Европската унија размислуваат за тоа поради „експлозијата“ на епидемијата на корона вирусот во оваа земја.

Јапонија, Индија и Малезија веќе воведоа контроли, додека САД најавија дека ПЦР тестовите и другите мерки за патниците од Кина ќе стапат на сила на 5 јануари.

По три години затворање, Кина од 8 јануари ќе им дозволи на своите граѓани послободно да патуваат.

Но, постојаното зголемување на бројот на заразени со корона вирусот во таа земја предизвика претпазливост.

Кина пријавува околу 5.000 случаи на ден, но експертите велат дека може да биде поблиску до еден милион, јавува Би-Би-Си.

Видете и ова: Кина ги укинува карантините за влез во земјата

Според извештаите, болниците се преполни, а жителите се борат да најдат основни лекови.

САД рекоа дека недостатокот на „соодветни и транспарентни“ податоци за ковид 19 во Кина придонесе за одлуката да се бараат тестови за патниците кои влегуваат во земјата од Кина и Хонг Конг, од 5 јануари.

Италија, која пред три години ги претрпе најтешките и драматични последици од оваа инфекција во Европа, прва во ЕУ воведе задолжителни тестови за патниците од Кина.

Видете и ова: Болниците во Шангај предупредуваат на „трагична битка“ поради ширењето на ковид-19 во Кина


Италијанските власти сугерираат дека тоа е неизбежно бидејќи било утврдено дека само на 26 декември тестовите покажале дека 97 од 212 патници од Кина кои пристигнале на аеродромот во Милано се заразени.

Европската унија оцени дека Пекинг ја укина строгата контрола на инфекциите, но на 29 декември се воздржа да ја следи Италија.

Здравствените претставници од блокот ветија дека ќе ги продолжат разговорите за да бараат заеднички пристап кон правилата за патување.

Сепак, од Брисел беше соопштено дека варијанта омикрон која преовладува во Кина веќе кружи во Европа и дека закана од неа не е значително зголемена.

„Остануваме будни и ќе бидеме подготвени да реагираме доколку е потребно“, се вели во соопштението на Европската комисија.