Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг преку видео врска. Тие ќе разговараат за серија билатерални и регионални прашања, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, додавајќи: „Се разбира, ќе биде многу важно да се разменат мислења за поакутни регионални проблеми - оние што се поблиску до нас, Русија и оние што се поблиску до Кина“. Москва се обидува да ги продлабочи своите економски, политички и безбедносни врски со Пекинг откако ги испрати своите вооружени сили во Украина во февруари.
Кина ќе ги продлабочува односите со Русија
Двете земји потпишаа стратешко партнерство „без ограничувања“ неколку дена пред Русија да ја започне кампањата. Пекинг исто така го зголеми купувањето на руска нафта и гас откако европските земји ги прекинаа врските со Русија, додека Москва јавно го поддржа ставот на Си за Тајван и го обвини Западот дека се обидува да предизвика конфликт околу статусот на овој остров, кој Кина тврди дека и припаѓа. Но, Си на моменти изрази воздржаност во однос на руската воена кампања во Украина. Путин во септември јавно призна дека неговиот кинески колега има „загриженост“ поради активностите на Русија.