Нов „масовен“ руски ракетен напад врз Украина

Украина

Украина извести за нов руски ракетен напад изутрината, додека се слушнале експлозии во неколку градови за кои властите рекоа дека потекнуваат од системите за противвоздушна одбрана кои собориле неколку проектили. Советникот на претседателската канцеларија Олексеј Арестович на Фејсбук напиша дека над 100 проектили доаѓаат, во неколку бранови, а алармите за воздушен напад се слушаат низ целата земја.

Борбите во Украина се интензивираат додека Русија се обидува да ги врати изгубените градови

Според дописникот на Ројтерс и локалните медиуми, се слушнале експлозии во Киев, Житомир и Одеса. Во регионите Одеса и Дњепропетровск биле најавени прекини на струја, со цел да се минимизира потенцијалната штета на енергетската инфраструктура.