Османи: прашање на време кога ќе се отстранат барикадите на север

Претседателката на Косово Вјоса Османи

Претседателката на Косово Вјоса Османи синоќа изјави дека прашање на часови е кога ќе бидат отстранети барикадите на северот на Косово и дека косовските институции ќе дејствуваат доколку тие барикади не се отстранат бидејќи, според неа, колку се подолги барикадите, толку повеќе се загрозени животите на граѓаните и „на нашите институции заедно со меѓународните безбедносни институции“.

Постигнат договор денеска да почне отстранувањето на барикадите на северот на Косово

Таа за приштинската ТВ Клан Косова оцени дека ова се најопасните барикади досега. „Тоа се проценки на домашните и меѓународните безбедносни институции, тоа се доверливи проценки од кои по една недела ќе можеме да ја отстраниме ознаката за тајност“, рече Османи. „Но, бидејќи животите на нашите полицајци, војниците на КФОР, персоналот на ЕУЛЕКС, а пред се цивилите може да бидат загрозени, сега не можам да ги изнесам тие детали“, рече Османи.

Османи: Поднесувањето барање за членство на Косово во ЕУ е историски чекор

Зборувајќи за планот на ЕУ, односно француско-германскиот план за договорот меѓу Косово и Србија, Османи рече дека не сака да создава големи очекувања кај граѓаните на Косово во однос на тој план. Таа рече дека во тој документ има многу работи кои треба да се разјаснат. Според неа, добро било што планот предвидува признавање на територијалниот интегритет, што е достигнување - државата го има територијалниот интегритет како главен елемент.