Република Српска повторно го усвои Законот за недвижен имот, одбиен од Уставниот суд на БиХ

Седница на парламентот на Република Српска, во Бања Лука, (архивска фотографија)

Пратениците во Народното собрание на Република Српска го усвоија Законот за недвижен имот што се користи за функционирање на јавните власти во РС, еден од двата ентитета во Босна и Херцеговина (БиХ). Законот со истото име го поништи Уставниот суд на Босна и Херцеговина на седницата на 22 септември. Судот во својата одлука наведе дека РС нема уставна надлежност да го регулира тоа прашање, бидејќи тоа е надлежност на државата Босна и Херцеговина.

Новоизбраниот претседател на Република Српска, Додик положи заклетва

Законот првично беше усвоен на10 февруари, но во април, непосредно пред неговото стапување во сила, високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, го суспендираше и одлучи да не се применува до одлуката на Уставниот суд. Според овој закон, недвижен имот што го користат властите на Република Српска, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, јавните институции и другите служби основани од РС, „по сила на закон“, како што е наведено во текстот, им припаѓа ним.