Времето денеска: променливо облачно

Променливо облачно, по одделни котлини и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Дневната температура ќе се движи од 8 до 14 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 11 степени.