Лажни се сите дојавите за бомби во 20 училишта

Лажни се сите пријавите со закана за поставена експлозивна направа во училиштата во Скопје и Куманово, што пристигнаа денеска на нивните електронски адреси, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи. Денеска беа евакуирани ученици и вработени во 20 училишта од кои 12 во Скопје и 8 во Куманово по новите закани за поставени бомби.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, наведуваат од МВР.

И вчера имаше дојави се поставени бомби во 20 училишта низ земјава. По проверките беше утврдено дека се работи за лажни закани.

Видете и ова: Заканите хибридни, осомничените домашни

Дојавите за бомби во училитша и други јавни објекти станаа редовна појава во изминативе недели во земјава. Досега се поднесени само две кривични пријави за двајца малолетници.

Но, се сомничат и дојавувач од Делчево и еден во Скопје, а денеска беше поднесена кривична пријава и против 63-годишен тетовчанец кој лажно пријавил поставена бомба.