Косовскиот премиер, Албин Курти денеска изрази негодување поради одлуката судот во Приштина да му ја смени мерката притвор со мерка домашен притвор на поранешниот косовски полицаец Дејан Пантиќ, кој беше приведен како осомничен напади Централната изборна комисија во северот на Косово.
Тој во обраќање пред новинарите, попладнево изјави дека би сакал да знае „кој е тој судија“ кој го пушти од притвор Пантиќ, кој се сомничи за тероризам.
„Кога имате обвинение за тероризам да пуштиш некого во домашен притвор. Многу сум љубопитен да разберам кој е обвинителот што го поднесува ова барање и кој е судија на претходна постапка што го одобрува“, додаде тој.
Видете и ова: Косово го ослободи од притвор поранешниот полицаец Дејан ПантиќАпсењето на Пантиќ беше повод за поставување барикади од страна на локалните Срби во општините во северно Косово со мнозинско српско население и за блокада на патиштата кои водат кон граничните премини Јариње и Брњак меѓу Косово и Србија.
Против одлуката за Пантиќ се изјасни и министерката за правда Албулена Хаџиу.
„Не знам како да сфатам и како е можно некој кој е обвинет за толку тешко кривично дело поврзано со тероризам, да оди во домашен притвор, дури и според законската регулатива, поради сериозноста на кривичното дело, тој не може да изрече блага мерка како куќниот притвор“, напиша таа на Фејсбук.
Обвинителството соопшти дека оваа промена е направена поради здравствената состојба на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ.
„Специјалното обвинителство на Република Косово, врз основа на здравствениот, а воедно и човечкиот аспект, на Основниот суд во Приштина му предложи замена на мерката притвор за обвинетиот Пантиќ, бидејќи не можел да ги уживаат правата на притворениците“, се вели во соопштението.
Обвинителството соопшти дека по посетите на медицинските тимови на мисијата ЕУЛЕКС било констатирано дека Пантиќ не е во добра здравствена состојба и било препорачано да биде испратен во болнички центар, „но, оваа препорака не била спроведена.“
Видете и ова: Петковиќ:Вучиќ побара од Србите да се повлечат од барикадитеСпоред косовските власти, тој е осомничен за организирање на „терористичкиот напад“ на 6 декември врз претставници на Централната изборна комисија на северот.