Затруени студенти со храна, вонредна инспекција во кујната на студентскиот дом Пелагонија

Илустративна фотографија од кои студенти која ја испратија до РСЕ за како изгледа дел од нивниот студентски оброк

Неколку студенти кои престојуваат во студентскиот дом Пелагонија биле примени на Инфективната клиника поради труење со храна. Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека денеска е направена вонредна инспекција во кујната на студентскиот дом „Пелагонија“ по веста за можно труење со храна во домот.

„Од страна на инспекторите за храна, кујната е времено затворена. Наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. За лабораториско испитување, земени се шест мостри од храната која се послужувала и осум брисеви од работните површини и опремата, соопшти АХВ.

Младинското движење на студентите „Студентски отпор“ во писмената реакција наведува дека е се згрозени од фактот што студенти завршиле на Иинфективната клиника.

„Прашуваме јавно, ваков ли студентски стандард и студентски оброци ветуваа луѓето од власта или студентите ги гледаат само како пропаганден материјал за користење, како тоа што беше фамозниот „ручек со студентите“ на премиерот?“, се вели во нивната рекација.

Комарци, муви и влакна како „прилог“: Што јадат студентите во „Гоце Делчев“ кога никој не снима

Од Агенцијата за храна велат дека кујната во студентскиот дом Пелагонија повторно ќе биде пуштена во употреба по добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста, како и по контролата која ќе направат инспекторите со која ќе се потврди дали се преземени сите наложени мерки за отстранување на констатираните недоследности.