Парламентот на Босна и Херцеговина денеска го потврди назначувањето на мандатарот од Хрватската демократска заедница на БиХ, Борјана Кришто, за претседавач со новиот совет на министри на БиХ. За Кришто гласаа 23 претставници на партиите на новоформираната коалиција на државно ниво. Таа денеска доби мандат за формирање влада со што се позиционира за првата жена премиер во историјата на оваа балканска земја. Таа има 35 дена да формира Кабинет.
Пратениците од 10 политички партии кои заедно освоија 24 места за време на изборите во земјата во октомври, се согласија, и покрај нивните идеолошки разлики, да поддржат мултиетничка коалициска влада предводена од Кришто, која е речиси три децении во политиката.
Видете и ова: Борјана Кришто именувана за мандатaр на идниот Совет на министриПротив беа претставници на опозициските партии од Федерацијата БиХ (Партија за демократска акција и Демократски фронт) и Република Српска (Српска демократска партија, Партија за демократски напредок и Движење за правда и ред).
Коалицијата, како што е наложено со босанскиот Устав, вклучува претставници на трите главни етнички групи во земјата - Бошњаци, Хрвати и Срби.
За прв пат по повеќе од една деценија, владејачкото мнозинство ја исклучува главната бошњачка националистичка партија, СДА. Таа сè уште ги вклучува хрватски и српски националистички партии, ХДЗ на Кристо и СНСД- предводена од прорускиот српски политичар Милорад Додик.
Видете и ова: Русија со осуда до ЕУ за доделувањето кандидатски статус на БоснаВо своето обраќање до пратениците пред гласањето, Кришто вети дека ќе се фокусира на мноштво економски и политички реформи што земјата мора да ги спроведе за да ја постигне својата наведена цел за пристапување во Европската унија.
БиХ првпат изрази желба да се приклучи на ЕУ во 2003 година, но етничките лидери во земјата досега се покажаа дека не се подготвени да ги надминат своите разлики и да ги спроведат потребните реформи.
И покрај критиките на ЕУ за начинот на кој се водат државните политики во БиХ, ЕУ на почетокот на овој месец и додели на земјата кандидатски статус. Кришто изјави дека акцијата на ЕУ претставува можност која „Босна мора да ја искористи“.
„Мораме да покажеме сила да ги оставиме зад нас конфликтите што не разделуваат и да ги користиме предизвиците што нè очекуваат како мотивација за меѓусебно почитување, кохезија и бескомпромисна работа за доброто на целиот наш народ“, без разлика на нивната етничка припадност“, изјави таа во нејзиното обраќање.
Откако Кришто ќе го номинира нејзиниот кабинет, пратениците треба да ги одобрат нејзините предлози за министри пред новата влада да ја преземе функцијата.