Евакуирани 20 училишта поради дојави за поставени бомби

Евакуирани се 20 училишта од кои 12 во Скопје и 8 во Куманово по новите закани за поставени бомби. Од Министерството за внатрешни работи велат дека во тек се антитерористички проверки.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, наведуваат од МВР.

Видете и ова: Заканите хибридни, осомничените домашни

Во текот на вчерашниот ден 20 училишта во Скопје упатија пријави до МВР за добиени пораки на електронските адреси со закана за поставена експлозивна направа, каде по направените потребни проверки беше утврдено дека станува збор за лажни пријави.

Досега се поднесени само две кривични пријави за двајца малолетници. Но, се сомничат и дојавувач од Делчево и еден во Скопје.

Министерот за внатрешни рбаоти Оливер Спасовски на брифинг со новинари неодамн аизјави дека зад овие закани лоцира геостратешки интереси, политички интереси и таканаречени авантуристички интереси.

Но, не прецизираше дали има осомничени во првите два столба од полициската анализа – геостратешки и политички, затоа што како што вели, истрагите не требало да се водат преку медиуми.

Првата лажна дојава за бомба на е- маил адреса пристигна на 26 октомври. На 9 октомври заканите освен кон училишта се проширија и кон јавни и приватни објекти како Транспортниот центар, трговските центри Ист Гејт и Бисер, зградата Флет Ајрон.