Адвокатот на Дејан Пантиќ, Небојша Влаик, за Радио Слободна Европа (РСЕ) потврди дека притворот на неговиот клиент е заменет со куќен притвор. „Косовската полиција е должна да го пренесе Патиќ на адресата каде што живее“, рече тој. Апсењето на Пантиќ, поради сомневањата дека тој бил вмешан во нападот врз членовите на Централната изборна комисија на северот на Косово на 7 декември, беше причина што групи Срби ја блокираа инфраструктурата на северот на земјата пред повеќе од две недели. Барикадите ги поставија локални Срби, а ги блокираа и патиштата кои водат до двата гранични премини Јариње и Брњак кои го поврзуваат Косово со Србија.
Курти: истекува времето што му го дадовме на КФОР да ги отстрани барикадите
Поради подигањето на барикадите властите потврдија дека Пантиќ се наоѓа во полициската станица во близина на Јариње. За помош при неговиот трансфер, Косово побара помош од Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС). Српската листа, главната партија на Србите на Косово, претстави неколку услови за отстранување на барикадите, а еден од нив е ослободување на уапсените Срби. Српските власти претходно изјавија дека властите во Косово не му понудиле на Патиќ соодветна медицинска помош, но косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља на 22 декември изјави дека тој е во добра здравствена состојба