Кремљ денеска ги демантираше косовските тврдења дека Русија влијаела врз Србија да го дестабилизира Косово, велејќи дека Србија едноставно ги брани правата на етничките Срби. Запрашан за тврдењето на косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља дека Србија, под влијание на Русија, има за цел да го дестабилизира Косово со поддршка на српското малцинство, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека е „целосно погрешно“ да се бара деструктивно руско влијание.
Министерството за надворешни работи на Косово бара од ЕУ мерки против Србија
Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља вчера изјави дека Србија, под влијание на Русија, го подигнала нивото на воена подготвеност и наредува подигнување на нови барикади „со цел да ги оправда и заштити криминалните групи кои особено ги тероризираат граѓаните од српска националност“. Тој ги демантираше наводите на Белград дека и Косово го подигнало нивото на борбена готовност и додаде дека институциите на земјата соработуваат со меѓународните партнери за ставање крај на барикадите без ескалација. Косовската влада ги повика мировниците на НАТО да ги отстранат барикадите, но наведе дека има капацитет и подготвеност да дејствува.