Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ изјави дека во текот на ноќта српскиот претседател Александар Вучиќ, освен што разговарал со Србите од Косово во гарнизонот Рашка, имал и „отворени канали за комуникација“ со претставници на ЕУ и САД. Според него, Вучиќ ги запознал Србите од Косово и Метохија со се што прави Србија за зачувување на мирот и стабилноста и, како што наведе, „пред се Србите на Косово и Метохија“.
Затворен граничниот премин Мердаре меѓу Косово и Србија
„Претседателот во исто време имаше отворена линија за комуникација со највисоките дипломатски претставници на Квинта, односно ЕУ и САД, каде што ги пренесе ставовите на Србија и на српскиот народ“, рече Вучевиќ, наведувајќи дека Вучиќ ја пренел својата решеност да бара политички договор, но дека, како што оцени, тој политички договор „нема и не може“ да доведе до натамошно прогонство на Србите на Косово. „Србија е подготвена за договор, но тој договор не значи поместување на црвените линии што ги дефинира Србија и тој договор мора да обезбеди сигурност за Србите на Косово... и тоа е услов на сите услови“, рече тој.