Препораките и мерките коишто беа воведени поради аерозагадувањето во Скопје се укинати, а од денеска не важи и одлуката за бесплатен јавен градски превоз. Министерството за животна средина и просторно планирање вчера соопшти дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во Скопје се под дефинираниот праг на алармирање, поради што престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање што беа воведени во саботата.
Зголемено загадување на воздухот во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица
Од Јавното сообраќајно претпријатие информираа дека од денеска престанува да важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз која беше донесена во саботата со цел справување со загадувањето на амбиенталниот воздух. Препораките и мерките по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање беа воведени во саботата во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, а од неделата и во Гостивар.