Советот за безбедност на ОН ги повика авганистанските власти да ги укинат ограничувањата за жените

Авганистанска жена облечена во бурка во Кандахар на 25 декември 2022 година

Советот за безбедност на Обединетите нации ги осуди зголемените ограничувања за жените во Авганистан и ги повика Талибанците, кои се на власт во таа земја, веднаш да ги укинат. Советот за безбедност „ја повтори својата длабока загриженост поради суспензијата на образованието на девојчињата по шесто одделение и повика на целосно, еднакво и значајно учество на жените и девојките во Авганистан“, се вели во соопштението. Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Тирк посочи на „страшните последици“ од одлуката да им се забрани на жените да работат во невладини организации од кои тие се важен персонал на терен.

Са затвораат невладини организации во Авганистан по забраната жени да работат во нив

Талибанските власти во минатата недела им забранија на жените да посетуваат универзитети, што предизвика меѓународен гнев и демонстрации во авганистанските градови. Во саботата објавија дека ги исклучуваат жените од работа во невладини организации, поради што пет водечки меѓународни хуманитарни организации веќе ја прекинаа работата потребна во Авганистан. „Ниту една земја не може да се развива, па дури и да опстане социјално и економски, со половина од неговото население исклучено“, рече Високиот комесар на ОН за човекови права, додавајќи: „Оваа најнова владина наредба ќе има ужасни последици за жените и целиот народ во Авганистан“.

Протести во Авганистан поради забраната за образование на жените

Талибанците, кои се вратија на власт во август 2021 година, ветија дека ќе бидат пофлексибилни, но во голема мера се вратија на строгото толкување на исламот што го одбележа првиот период од нивното владеење од 1996 до 2001 година.