Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија соопшти дека во Бујановац бил уапсен државјанин од албанска националност под сомнение за кривично дело тероризам. Во соопштението, објавено на веб-страницата на БИА, наведена е само националноста на уапсениот и иницијалите на неговото име А.Б., додека не е прецизирано дали е државјанин на Србија или на друга држава. Како што се наведува, кај осомничениот била пронајдена „поголема количина оружје, десет пушки, една снајперска пушка со придушувач, еден пиштол со придушувач, килограм експлозив, како и многу муниција“.
Белград: подигнувањето на борбената готовност не е закана, туку предупредување
Се сомнева дека оружјето било набавено по нелегални патишта, а намерата на осомничениот е дополнително транспортирање на подрачјето на Косово и Метохија“, се вели во соопштението. Се прецизира дека му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, а заедно со кривичната пријава ќе биде проследен до надлежниот обвинител. Бујановац, околу 350 километри јужно од Белград, е една од трите општини на југот на Србија со голем дел од населението од албанска националност.