Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија разговара со претставници на меѓународната заедница во обид да се најде компромис во Косово. По средбата со српскиот патријарх Порфирије, Вучиќ истакна дека сега разговорите со претставниците на меѓународната заедница се тешки и динамични, бидејќи српската страна го застапува интересот на народот, кој, како што рече, не отишле на барикадите „затоа што им текнало“. На оние кои, како што рече, и се закануваат на Србија „дека времето истекува и дека ќе го остават косовскиот премиер Курти да заврши се што треба да се направи“, им порача дека се хистерични и дека единственото решение го гледаат во протерување на Србите од северот на Косово.
Србија со зголемена борбената готовност, косовските Срби со нови барикади
Сепак, како што рече, ќе разговара за се, барајќи „некој прозорец низ кој ќе се провлече“, но дека, и да се надмине оваа криза, за 15 дена ќе се појави нова криза, бидејќи Албанците и голем дел од меѓународната заедница не гледа друго решение освен протерување на Србите.