Ѓоковиќ се врати во Австралија една година откако беше депортиран

Новак Ѓоковиќ

Поранешниот светски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ денеска пристигна во Австралија речиси една година откако беше депортиран затоа што одби да се вакцинира против ковид-19. Деветкратниот шампион на Австралија опен првично доби забрана за влез во земјата на три години, откако ја загуби правната битка со високи влогови во јануари годинава. Австралија потоа го укина барањето посетителите да покажат доказ за вакцинација против ковид-19.

Австралија му даде виза на Ѓоковиќ

Владата во ноември потврди дека на невакцинираниот Ѓоковиќ повеќе не му е забрането и дека добил виза што му дозволува да игра на воведниот Грен слем годинава, кој започнува следниот месец. Извршниот директор на Тениц Австралија, Крег Тајли, рече дека се надева оти локалните фанови ќе го прифатат враќањето на Ѓоковиќ. Тој треба да игра на Аделаида Интернационал, почнувајќи од недела, додека се загрева за Отвореното првенство во Мелбурн.