Двајца Руси починале во ист хотел во источниот индиски град Рајагада под мистериозни околности. Милионерот Павел Антов бил пронајден како лежи во локва крв пред хотелот на 24 декември, неколку дена откако друг Русин, Владимир Бајденов, кој го придружувал Антов, наводно починал од мозочен удар. Антов, кој наводно бил поранешен пратеник во Русија и кој бил во хотелот за да го прослави својот 65-ти роденден се верува дека починал откако паднал од третиот кат.
Уште еден руски тајкун почина во низата на чудни смртни случаи
Според извештаите на медиумите, Антов изразувал критики за војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина. Неколкумина Руси, особено бизнисмени, критички настроени кон Владимир Путин, починале на сличен начин во Русија во минатото.