Соединетите држави и нивните сојузници во НАТО заедно со Украина сакаат да ја поразат Русија „на бојното поле“ за да ја уништат, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за државната агенција ТАСС. „Акциите на земјите од колективниот Запад и украинскиот претседател Володимир Зеленски под нивна контрола ја потврдуваат глобалната природа на украинската криза. За никого не е тајна дека стратешката цел на САД и нивните сојузници во НАТО е да ја поразат Русија на бојното поле како механизам за значително слабеење или дури и уништување на нашата земја“, рече Лавров.
Кулеба: Украина е за мировен самит до крајот на февруари
Претседателот Владимир Путин ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари, нарекувајќи ја „специјална операција“ за „денацификација“ и демилитаризација на Украина, што според него е закана за Русија. Киев и неговите западни сојузници велат дека инвазијата на Москва била само империјалистичко грабање земја. Коалицијата на земји кои се противат на руската инвазија во Украина - од членки на НАТО до сојузници на САД како Јапонија и Австралија - се покажа отпорна, пркосејќи им на предвидувањата дека зголемените цени на енергијата делумно предизвикани од војната би можеле да ги скршат сојузниците.
Медведев: само нуклеарното оружје на Русија го спречува Западот да ни објави војна
Лавров повтори дека Русија и САД не можат да одржуваат нормална врска, обвинувајќи ја администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. „Објективно е невозможно да се одржи нормална комуникација со администрацијата на Бајден, која за цел го прогласува нанесувањето стратешки пораз на нашата земја“, рече Лавров. Односите меѓу САД и Русија паднаа на најниско ниво во последните децении поради последиците од руската воена кампања во Украина и последователно наметнување на западните санкции. Соединетите Држави обезбедија милијарди долари за поддршка на Украина, а последниот пакет помош од 1,85 милијарди долари беше објавен минатата недела, што дополнително ја налути Москва.