Кина го укинува задолжителниот карантин за лицата кои влегуваат во земјата. Од осми јануари нема да има веќе карантини и ова е последна во серијата ограничувања кои се укинуваат, откако земјата се откажа од својата нулта ковид стратегија.
Од март 2020 година, сите патници кои пристигнуваа во Кина мораа да поминат низ задолжителен централизиран карантин. Но, должината на времето постепено почна да се намалува, од првичните три недели на само пет дена, што се уште важи, но според новите правила, од следниот месец карантинот целосно се укинува.
Во меѓувреме пак земјата се соочува со пораст на бројот на заразени со ковид.
Кина престана да објавува статистики за ковид, но се смета дека илјадници умираат секој ден.
Светот се плаши од нов кинески бран на ковид-19
Аналитичарите велат дека пресвртот на Кина во справувањето со пандемијата го става претседателот Си Џинпинг во непријатна позиција, бидјеќи тој беше движечката сила зад политиката на нулта ковид, која беше обвинета за прекумерно ограничување на животите на луѓето и нанесување штета на економијата, а сега тој треба да ја преземе одговорноста за огромниот бран инфекции и приеми во болница, главно меѓу постарите лица.
Гневот на јавноста поради начинот на кој претседателот се справува со пандемијата е една од областите во кои тој е најранлив, потсетува Би-Би-Си.