Лажни се сите дојави за поставени бомби во училиштата во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струшко, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струшко по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, ссопштија од Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од МВР, веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата за одбрана од лажните дојави за бомби
Првата лажна дојава за бомба на е- маил адреса пристигна на 26 октомври. На 9 октомври заканите освен кон училишта се проширија и кон јавни и приватни објекти како Транспортниот центар, трговските центри Ист Гејт и Бисер, зградата Флет Ајрон.