Мировната мисија на НАТО на Косово КФОР денеска објави дека го истражува инцидентот во Зубин Поток во кој учествуваа непознати вооружени лица и ги повика сите актери да избегнуваат реторика и потези кои можат да ја влошат ситуацијата. Во врска со синоќешното пукање во непосредна близина на патролата на КФОР, таа мисија наведе дека нема повредени или материјална штета и додаде дека „се работи на утврдување на сите факти“. „Планирани се средби на сите страни и важно е сите инволвирани да избегнуваат каква било реторика или потези кои би можеле да предизвикаат тензии и да ја ескалираат ситуацијата. Очекуваме сите актери да се воздржат од провокативни демонстрации на сила и да го бараат најдоброто решение за да се осигура безбедноста на сите заедници“, се наведува во соопштението на КФОР.
Растат тензиите на Косово, пукање во близина на патрола на КФОР
Мисијата ги повика сите страни да помогнат да се олесни слободата на движење во Косово и „да се спречат погрешните наративи да влијаат на процесот на дијалог“. „КФОР го зголеми своето присуство и патроли во последните месеци. Ќе бидеме будни и целосно способни да го исполниме мандатот заснован на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година за сите заедници во Косово. Решенија треба да се бараат преку дијалог“, додава КФОР.