Јужна Кореја со предупредувачки истрели по навлегување на севернокорејски авиони

Јужна Кореја денеска употреби борбени авиони и хеликоптери и испука предупредувачки истрели откако севернокорејски беспилотни летала го нарушија нејзиниот воздушен простор, објави јужната новинска агенција Јонхап.

Северна Кореја истрела проектили, растат тензиите поради вооружената помош на Русија

Јужна Кореја ги следела леталата кои минуваат од Северна Кореја преку она што е познато како Воена разграничувачка линија меѓу двете земји, објави Јонхап. Јужнокорејското Министерство за транспорт соопшти дека летовите од нејзините аеродроми Инчеон и Гимпо биле прекинати по барање на војската.