„Рускиот нуклеарен арсенал и правилата што Москва ги постави за негова употреба се единствените фактори кои го спречуваат Западот да започне војна против Русија, вели главниот сојузник на претседателот Владимир Путин во написот објавен на 25 декември.
Медведев: Русија води „света“ војна против сатаната
Поранешниот претседател Дмитриј Медведев, сега заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, исто така, рече дека Москва ќе ја продолжи својата војна во Украина се додека, како што наведува, „одвратниот, речиси фашистички режим“ во Киев не биде отстранет и земјата не биде целосно демилитаризирана. Медведев, кој некогаш се сметаше за либерален модернизатор, е еден од најголемите поборници на војната.