Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, за медиумите во Косово соопшти дека „слушнала и видела“ истрели во близина на една од нејзините патроли во Зубин Поток, една од четирите општини населени со мнозинско српско население на северот на Косово. Настанот бил забележан во неделата вечер, а КФОР соопшти дека нема повредени или материјална штета. Оттаму додаваат дека се работи на утврдување на фактите. Косовската полиција претходно ги демантираше пишувањата на српските медиуми дека учествувале во размената на оган во Зубин Поток. Немаше напад врз косовската полиција, ниту пак размена на оган меѓу косовската полиција или некоја група, полицијата не разменила оган против никого“, се вели во соопштението.
Што мислат косовските Срби за барикадите?
Српските медиуми објавија дека околу 19:45 часот се слушнало пукање во Зубин Поток, а тоа се случило откако косовската полиција „сакала да отстрани една од барикадите“ во оваа општина на северот на Косово. Министерот за внатрешни работи на Косово Џељал Свечла на Твитер напиша дека „Игрите на Вучиќ продолжуваат“. „Најпрво рекоа дека има судири во Зубин Поток иницирани од косовската полиција. Кога сфатија дека го нападнале КФОР, сакаа да ги негираат сите напади. Барикадите мора да се отстранат. Србија мора да престане да организира нелегални, криминални структури кои имаат за цел да го дестабилизираат Косово“. Блерим Вела, шефот на кабинетот на претседателката Вјоса Османи, на Твитер напиша дека „српските прорежимски медиуми се обидуваат да поттикнат вооружен конфликт на Косово, лажно известувајќи дека конфликтите се водат во близина на Зубин Поток“. Тој рече дека косовската полиција не учествувала во никаква размена на оган и дека „пукаат српски илегални и криминални структури“.
Ако КФОР не реагира, ние ќе ги отстраниме барикадите, вели началникот на косовската полиција
Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ, вечерта на 25 декември изјави дека одржал средба со претседателот на Србија и воениот врв и дека е на пат за Рашка на југот на Србија. Мојсиловиќ за телевизија Пинк изјави дека ситуацијата на Косово е таква што бара присуство на војската на Србија по, како што наведе, „административна линија“.