Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји говорејќи преку видео на конференција ја бранеше позицијата на неговата земја за војната во Украина и сигнализираше дека Кина ќе ги продлабочи врските со Русија во наредната година.
Ванг исто така ја обвини Америка за влошувањето на односите меѓу двете најголеми светски економии, велејќи дека Кина „цврсто ја отфрлила погрешната политика на Соединетите Држави за Кина“.
Кина одби да ја осуди инвазијата на Украина и да им се придружи на другите во воведувањето санкции кон Русија со што дополнително ги наруши врските и поттикна појавен јаз со поголемиот дел од Европа.
Видете и ова: Зголеменото кинеско влијание треба да го вклучи црвениот алармВанг рече дека Кина ќе ја „продлабочи стратешката меѓусебна доверба и заемно корисна соработка“ со Русија. Воени бродови од двете земји одржаа заеднички поморски вежби во Источното Кинеско Море минатата недела.
„Во однос на украинската криза, ние постојано ги поддржувавме основните принципи на објективност и непристрасност, без фаворизирање на едната или другата страна, ниту додавајќи масло на огнот, уште помалку барајќи себични придобивки од ситуацијата“, рече Ванг.
Ванг и американскиот државен секретар Антони Блинкен телефонски разговараа кон крајот на минатата недела. Стејт департментот соопшти дека Блинкен разговарал за потребата од одговорно управување на односите меѓу САД и Кина и изразил загриженост за руската војна против Украина и заканите што таа ги претставува за глобалната безбедност и економската стабилност.
Ванг ги обвини САД за „унилатерално малтретирање“ и порача дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во решавањето на украинската криза на свој начин, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.