Отец Пимен, во една од вашите колумни велите – „Политика ли е ако ве прашам, зошто за сенешто ме обвинувате дека било мешање во политика“, но сепак останувате гласен и критичен особено на социјалните мрежи. Што е тоа што ве држи толку активен и упорен таму?
Човек што и да спомени во нашето општество, наликува дека тоа е мешање во политика, всушност она што сакам да го правам е далеку од тоа да се мешам во политика, туку понекогаш да упатам критика и тоа на еден специфичен, така малку саркастичен начин, да опоменам на искривувањето во општеството, меѓутоа кога политичарот ќе се поистовети со политиката, тогаш испаѓа дека секоја една критика на општеството се однесува на него лично. И тука настануваат тие проблеми.
Е сега, тука мојата борба ќе речам дека ја гледам токму во тоа да покажеме дека кога критикуваме некоја општествена појава, не значи дека критикуваме одреден политичар за да станеме непријатели со него.
Некои ве нарекуваат и Владиката од Фејсбук, па колку се социјалните мрежи еден мост до новите генерации? Успевате ли да допрете на овој начин до нив?
Првичната идеја со отворањето на Фејсбук профилот, најпрво тоа беше епархиски профил, кој требаше да биде за контрола на она што се објавува по црковните општини, но подоцна се покажа дека тоа може да биде и моќно средство за да се упати една моќна порака , особено до помладиот народ. И тоа навистина функционираше во одреден период добро, но во последно време, пак, добивам забелешки дека не сум многу активен на Фејсбук и на социјалните мрежи, тоа испаѓа како да сум се повлекол, но не станува збор за тоа, некако завладеа и со социјалните мрежни некаков дух на клевети, обвинувања, на меѓусебно плукање што покажува, секој ден сè повеќе, дека ја губи онаа примарна намена што ја имаше Фејсбукот да се поставуваат убави работи и информации, така што некако полека, но сигурно го напуштам тој простор. Веќе кого и да критикуваш, кога не гледаш дека нешто подобро ќе дојде.
Видете и ова: Ниту имаме територијални претензии, ниту ја бараме славата на историската Охридска АрхиепископијаПопови и џипови, народот редовно ги става во пакет, во иста реченица. Каков е вашиот коментар за луксузниот, возен парк на дел од вашите колеги?
Стана стереотип да се смета дека попот, односно владиката е додатна опрема на џипот и обратно, но боде очи сето тоа, сите сме свесни дека тоа боде очи, дека со скапиот возен парк ќе наидеме на критика, дека некој ќе не опомене за тоа какви коли возиме, но од друга страна кога ќе погледнете на улица кој се не вози денес поубави и полуксузни автомобили и од нас владиците.
Позицијата што ја имаме во Црквата кога би се израмнила со на световно ниво, архиепископот би требало да ја има честа на премиер, а владиците на министри. Сега кога ќе се погледне тоа рамниште и кога ќе се види службени возила кои постојано се заменуваат, не дека го оправдувам тоа да имаме нешто што не ни треба, но сепак треба да бидеме и ние во класа на оние луѓе кои имаат барем едно пристојно возило кое ќе одговори на потребите, на патувањата кои ги имаме како службена обврска.
Видете и ова: Веронаука против „Катици“, критики за попови со џиповиВие со какво превозно средство дојдовте на оваа интервју?
Ауди А6 од 2010 година.
Ако зборуваме за светлите точки која ја одбележаа изминатата година, за Вас сигурно тоа беше примањето на Македонската православна црка во канонско единство со останатите православни цркви. Што значи тоа конкретно за Вас како европски епископ?
Тоа беше навистина огромна радост за сите нас, не само како клер на црквата, туку и како обичен верен народ на црквата. Е сега, тоа ни отвора врата за сослужување, за кога патуваме некаде, кога сослужуваме со другите сестрински цркви изворно да се чуе вистината за нашата црква и од нас кога сме таму, а не да добиваат пласирани информации од некои кои не им одговара да го имаме нашиот афтокефален статус.
За мене конкретно, тоа ми помага навистина за оние неколку земји од Европа каде што имаше оспорувања на тоа ако Црквата не е признаена од Цариградската патријаршија да не можеме да бидеме ни регистрирани полноправно како Македонска православна црква, па тоа создаваше потешкотии за добивање на работна дозвола за свештеник, но ете, фала му на Бога, доаѓаме до тоа и ние да бидеме рамноправно прифатени секаде и да ни се тргнат од патот опструкциите што ги имаме од некои од сестринските цркви.
Во обраќањето на Вселенската патријаршија се назначува дека јурисдикцијата на Охридската архиепископија е на македонска територија. Што значи тоа за трите епархии на македонската православна црква во странство, меѓу кои и Вашата?
Па тоа ограничување кое се споменува дека имаме јурисдикција на територијата на денешна Република Македонија, тоа мислам дека е проблем во толкувањето, дека не ни се забранува на нас да можеме да се организираме во дијаспората или дека ќе треба на некому да ја предадеме владеењето на дијаспората, туку тоа се однесува повеќе на тоа дека не смееме преку границите да си влегуваме едни со други, затоа што ние секако сме се воделе според тоа правило како Македонска православна црква и сите други православни цркви дека онаму каде што се доминанта православната црква нема отворање на епархии, нема отворање на парохии кадешто би доаѓале соседите да ја пречекоруваат границата за да може да ги одржуваат богослужбите. Во таа смисла треба да го сфатиме оваа ограничување на јурисдикцијата на нашата Македонска православна црква, значи на територијата на денешна наша Република Македонија.
Видете и ова: Заедничка богослужба во Цариград, МПЦ-ОА чека автокефалностКаде беше најтемно, каде треба да ја вклучиме сијаличката за да биде подобро следната година?
Тешко може да се наведе некоја светла точка не само кај нас, туку и воопшто во светот после сите овие години кога поминавме и низ корона вирусот и сите оние локдауни што ни се случуваа, кога се оддалечуваме едни од други. Светла точка беше тоа што повеќе време поминуваме како семејство и видовме дека знаеме да живееме и со убави луѓе. Потоа она што ни се случува во моментов, онаа војна во Украина, нè направи да живееме во еден страв, во една неизвесност и верувам дека сијаличката треба да се запали токму со прекинување на тоа едно зло што се случува меѓу братски народи, а потоа трпат сите луѓе на светот. Верувам дека тоа нема да се прелее, нешто посериозно да се случи и верувам дека еве годинава, во која Христос, повторно и повторно се раѓа меѓу нас, ќе се роди и во срцата на они луѓе кои го потиснале мирот внатре во своите души и дека повторно ќе заживее таа желба да се живее во мир, да се подаде рака еден на друг, бидејќи знаеме дека без тоа попусто би било нашето живеење. Секое живеење во страв, не е живот.