Десетици авганистански девојки и жени, главно студенти, излегоа на улиците во западен Херат денеска во знак на протест против забраната на талибанците за образование на жените.
Демонстрантите, поделени во мали групи, извикувале „Образованието е наше право“ и се собраа пред канцеларијата на гувернерот на провинцијата, изјави еден демонстрант за агенцијата ДПА.
Талибанските сили се обиделе да ги растераат демонстрантите користејќи водени топови, стапови и палки, рече друг демонстрант.
Видете и ова: Студентките во Авганистан ги напуштаат студентските домови по забраната да одат на факултетОдлуката на Талибанците да им забрани на девојчињата и жените да посетуваат училиште и универзитет, предизвика силен меѓународен отпор.
Министерот за високо образование Нида Мохамад Надим на 22 декември изјави дека забраната е неопходна за да се спречи мешањето на половите на универзитетите и затоа што верува дека некои предмети што се изучуваат ги прекршуваат принципите на исламот. Тој, исто така, рече дека студентките ги игнорирале исламските упатства, вклучително и што да носат, и дека не биле придружувани од машки роднини кога патувале.
Забраната за жените да посетуваат универзитет е последен напад врз жените откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан во август минатата година, додека силите предводени од САД забразано се повлекуваа од земјата зафатена од војна.
Талибанците претходно им забрануваа на девојчињата да одат на училиште после шесто одделение, им ограничија на жените да работат на повеќето работни места и им наредија да се покриваат од глава до пети кога се во јавност. На жените им е забранет и влез во паркови и спортски сали.