Најмалку 5 лица загинале во напад врз украинскиот град Херсон

Напд врз центарот на Херсон на 24.12.2022

Најмалку пет лица загинале, а 20 се ранети во руски напад врз јужниот украински град Херсон, изјави денеска претседателскиот помошник Кирило Тимошенко.

Набргу потоа, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди нападите како акт на „терор“.

„Ова не се воени објекти“, напиша Зеленски на Телеграм, додавајќи дека нападите се со цел „заплашување и задоволство“.

Видете и ова: САД одобри 45 милијарди долари помош за Украина

Американскиот Конгрес вчера го одобри пакетот помош од 45 милијарди долари за Украина откако Зеленски се врати од Вашингтон со ветување за испорака на ракети Патриот, за одбрана од руската инвазија.