Украина повика на „ликвидација“ на иранските фабрики за оружје

Илустрација

Високиот помошник на украинскиот претседател Михаило Подољак повика на „ликвидација“ на иранските фабрики за производство на беспилотни летала и ракети, како и апсење на нивните добавувачи, откако Киев го обвини Техеран дека планира да испорача повеќе оружје на Русија.

Киев го обвини Техеран дека ѝ доставува на Москва 1700 беспилотни леталаод типот „Шахед-136“, кои, според Подољак, биле користени за напади врз цели во Украина. Иран ги негира обвинувањата.

Видете и ова: Дали системот Патриот може да го промени текот на војната во Украина?

Тој во интервју објавено во петокот рече дека Русија веќе лансирала околу 540 дронови на воени и енергетски цели во Украина.