Американскиот Конгрес го одобри пакетот помош од 45 милијарди долари за Украина откако претседателот Володимир Зеленски се врати од Вашингтон со ветување за испорака на ракети Патриот, за одбрана од руската инвазија.
Претставничкиот дом на САД, под контрола на демократите, на 23 декември усвои предлог-закон за владино финансирање од 1,66 билиони долари, кој обезбедува рекордно воено финансирање и праќа итна помош во Украина, неколку часа пред крајниот рок на полноќ, објави Ројтерс.
Видете и ова: Можни ли се преговори за ставање крај на војната во Украина?Предлог-законот за потрошувачката за фискалната година, што завршува на 30 септември, беше одобрен со мнозинство од 225 спрема 201, откако претходниот ден беше усвоен во Сенатот.
Претседателот Џо Бајден рече дека ќе го потпише законот, кој исто така вклучува повеќе помош за студентите со попреченост, дополнителни средства за заштита на правата на работниците и повеќе ресурси за обука за работа, како и подостапни станови за семејствата, ветераните и жртвите од семејно насилство.
„Предлог-законот за финансирање ги унапредува клучните приоритети за нашата земја и ограничува година на историски двопартиски напредок за американскиот народ“, рече Бајден.
Одлуката на Конгресот доаѓа неколку дена откако претседателот Володимир Зеленски се врати од Вашингтон со ветување дека ќе испорача ракети Патриот за одбрана од руска инвазија.
Русија најави дека ракетите „Патриот“ нема да ја спречат да ја постигне целта во Украина и дека нивната испорака нема да помогне во решавањето на конфликтот.