Кривична пријава за малолетник кој испраќал лажни дојави за бомби во Кавадарци

Илустративна фотографија

Кривична пријава против 15-годишник од Кавадарци за испраќање лажни дојави за бомби во Кавадарци денеска до Основното јавно обвинителство поднесе Секторот за борба против тероризам. Малолетникот се товари за сторено кривично дело „Тероризам“.

Малолетникот, како што информираат од МВР, на 4 декември, од неговиот персонален компјутер на интернет апликација преку хакирана електронска адреса, испратилзаканувачка порака за поставена бомба на службените мејлови на три основни и три средни училишта од Кавадарци. Една недела подоцна, на 12 декември, од истиот компјутер испратил уште една слична порака до основно училиште.

Видете и ова: И скопскиот аеродром цел на хибридни напади, информиран е НАТО

Истиот ден од полицијата направиле претрес на местото каде што живее лицето, при што биле одземени еден компјутер и мобилен телефон, при што биле пронајдени докази за испратените пораки со заканувачка содржина.

Дојавите за бомби во земјава почнаа на 26 октомври, прво во Скопје, по што се проширија еднаш во Крива Паланка, двапати во Кавадарци, а потоа и во Куманово и Битола. Освен училиштата, на мета беа и трговски центри, стратешки објекти како Железницата и Аеродромот, но и приватни домови како висококатниците Флатрон и Џевахир.

Надлежните тврдеа дека тие се дел од т.н. хибридна војна, поттикната од руската воена инвазија во Украина, по примерот на слични вакви дојави во соседството.

Полицијата утврди дека сите дојави за бомби се лажни. Покрај дојавите во кавадарци, од дваесетина денови со вакви случаи, засега е расветлен е само уште еден. Се работи исто така за малолетник од Скопје кој призна дека на 4 ноември пратил вакви закани на мејловите на неколку училишта во главниот град.