Липавски: Некои земји кандидати би можеле да влезат во ЕУ и пред реформата за одлучувањето во Унијата

Шефот на чешката дипломатија Јан Липавски

Шефот на чешката дипломатија Јан Липавски изјави дека очекува оние земји кандидати за Европската унија кои интензивно ги спроведуваат реформите и немаат проблеми да ја усогласат својата надворешна и безбедносна политика со ЕУ нема да мора да ја чека реформата на одлучувањето и институциите во Унијата, која сега го кочи проширувањето.

Чешка оценува дека е успех напредокот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан

Претходно, чешкиот министер за европски прашања Микулаш Бек предупреди на крајот од чешкото претседателство со ЕУ, чиј еден од приоритетите беше проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, дека полноправното членство на земјите-кандидатки, ќе биде само можно кога ЕУ ќе ги реформира своите институции и механизмите за одлучување. „Тоа е моменталната состојба на политичката дебата во ЕУ кога станува збор за проширувањето. Од друга страна, гледаме дека проширувањето има важни ефекти врз земјите кои се приближуваат кон ЕУ. Некои земји интензивно спроведуваат реформи, немаат проблем со усогласувањето на нивната надворешна и безбедносна политика со земјите од ЕУ. Во тој случај можно е тие да влезат во ЕУ уште пред нејзината реформа“, изјави Липавски за чешката агенција ЧТК.

Ковачевски: ЕУ да не дозволи нови блокади

„Не е секогаш случај кога Унијата нуди нешто и ветува дека секогаш ќе го исполни. Унијата е договор меѓу различни земји, а процесите кои се бирократски до одреден степен и треба да бидат целосно транспарентни може да завршат да бидат политизирани“, рече Липавски.