Мустафа Хајрулахи избран за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје

Седница на Советот на јавни обвинители

Советот за Јавни обвинители на продолжението на 70-тата седница, денеска едногласно го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека Хајрулахи е позитивно оценет со 23 поени. Членот на Советот на ЈО Арбер Исаку, посочи дека Хајрулахи кој во изминатите четири години ја вршел оваа функција и покажал резултати, и со неговиот избор само уште повеќе ќе се подобрат состојбите на подрачјето на Вишото јавно обвинителство.

Неколку јавни обвинителства добија вд шефови

За шеф на Вишо јавно обвинителство Гостивар, Советот на ЈО го избра Фарик Арслани. Имаше тројца кандидати Деса Пауновска, Душица Димитриевска и Фарик Арслани. На дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители, беше и одлука за објавување на оглас за четворица јавни обвинители во ОЈО ГОКК, но беше одложена.